Нутриционистички стратегии со

Марко Секуловски

Запознај го Марко?

Нутриционистички советник и кондиционен тренер

Марко Секуловски е искусен професионалец во областа на здравјето и фитнесот кој им помага на луѓето да се движат подобро, чувствуваат посилни и да живеат поздраво. Покрај долгогодишното искуство како наставник по физичко образование, Марко работи со рекреативци и спортисти од сите возрасти преку изготвување на планови за исхрана и тренажни програми. 

Како сертифициран нутриционистички советник (Precison Nutrition Coach) и сертифициран кондиционен тренер (NSCA – CSCS), Марко применува научно поткрепен и практичен пристап кон постигување на индивидуалните фитнес цели на најразлична популација. Неговата филозофија е едноставна: одржливото здравје започнува со мали, постепени чекори кои се вклопуваат во вашиот животен стил, а не со брзи решенија.

Неговите програми се насочени кон формирање на здрави навики и градење на здрав однос со храната, подобрување на физичкиот перформанс, оптимален опоравок и зголемена енергија.

Кога не тренира, најчесто ќе го најдете како експериментира со нови рецепти, поминува време во природа или чита најнови истражувања поврзани со спортски тренинг и исхрана. 

Нашата цел е да поттикнеме создавање навики кои резултираат со подобар квалитет на живот.

Одбери го својот пакет

Healthy Habits for a Vital Lifе Основен пакет
(Тhe Foundation Plan)

Основен Пакет (4500 ден.) Совршен избор за љубители на фитнес и активен живот кои сакаат подобра структура и одржливи навики без строги правила и броење калории. Ќе добиеш флексибилна стратегија за исхрана, практични совети и поддршка во реално време за да јадеш паметно, едноставно и без стрес. Ова е твојот прв чекор кон трајни резултати.

Што ќе добиеш:

  • Почетна проценка и поставување цели — детален преглед на твојот стил на живот, цели, навики и предизвици за да изградиме целосна слика. (Онлајн е-форма на самиот почеток)
  • 30-минутна консултација — презентација на твојот план за исхрана, прилагодувања по потреба и подетално запознавање со твоите потреби.
  • Персонализирана стратегија за исхрана — препораки за градење на нутритивен оброк без броење калории и строги правила. Наместо тоа, ќе добиеш флексибилни шаблони за оброци според твоите цели и преференци.
  • 6-неделен план за здрави навики — фокус на одржливи секојдневни навики. Ќе научиш како да јадеш, не само што да јадеш.
  • Следење и повратни информации во реално време — опционално следење со фотографии или пораки преку Viber/WhatsApp. Практични совети врз основа на твоето секојдневие.
  • Поддршка за планирање оброци — готови рецепти, идеи за закуски, стратегии за јадење во ресторан и помош при пазарење.
  • Совети за додатоци во исхрана — препораки засновани на научни трудови (доколку се потребни

Резултати:

    • Јасна стратегија за исхрана што одговара на твоите цели и стил на живот
    • Флексибилни алатки за јадење без стрес и калкулатори
    • Нови здрави навики што ќе останат долгорочно
    • Поддршка и совети во реално време за да не се чувствуваш сам во процесот
    • Практични идеи за секојдневие, пазарење и јадење надвор од дома

Тhe Athlete’s plan - Fuel to perform Енергија за врвни перформанси

Пакет за Спортисти  (6500 ден.) Наменет за оние што сакаат повеќе енергија, побрзо опоравување и максимален перформанс. Ќе добиеш персонализирана стратегија за исхрана, практични навики и поддршка во реално време што ќе ти помогнат да тренираш паметно, а не потешко. Ова не е уште еден „план за јадење“, туку целосен систем за успех.

Што ќе добиеш:

  • Почетна проценка и поставување на цели — детален преглед на твојот стил на живот, спортска активност, навики и предизвици за да изградиме целосна слика. (Онлајн е-форма на самиот почеток)
  • 30-минутна консултација — презентација на твојот план за исхрана, прилагодувања по потреба и подетално запознавање со твоите потреби.
  • Персонализирана стратегија за исхрана — препораки за калориски внес, макронутриенти и флексибилни шаблони за оброци според твоите цели и преференци.
  • 6-неделен план за здрави навики — фокус на одржливи секојдневни навики. Ќе научиш како да јадеш, не само што да јадеш.
  • Следење и повратни информации во реално време — опционално следење со фотографии и пораки преку Viber/WhatsApp. Практични совети врз основа на твоето секојдневие.
  • Поддршка за планирање на оброци — идеи за закуски, шаблони, стратегии за јадење во ресторан и помош при пазарење — наместо строги менија.
  • Детален план за исхрана околу тренинг и натпревари — јасни протеински и јаглехидратни насоки пред, за време и после тренинг/трка.
  • Персонализиран план за хидратација — дефинирање на твоите индивидуални потреби за течности пред, за време и после тренинг/натпревар.
  • Стратегии за оптимален опоравок — практични методи за хидратација, рекуперација и стрес менаџмент.
  • Carb-loading протокол — јасен план за денови пред натпревар.
  • Совети за суплементи — препораки засновани на наука за подобрување на перформансот и опоравувањето
Резултати:
    • Јасна стратегија за исхрана што одговара на твоите спортски цели
    • Подобра енергија и перформанс на тренинзи и натпревари
    •  Алати за трајна конзистентност и лесна примена во секојдневието
    • Поддршка и прилагодување на планот во реално време
    • Научно поткрепени препораки за опоравување и суплементација

„Повик за Ресет“
за моментално враќање во баланс. (30–45 мин.)

Прашај го експертот (2000 ден.) Сакаш да тренираш паметно, да се храниш подобро и конечно да бидеш конзистентен? Оваа сесија е за тебе.

Што ќе добиеш:

  • Брз прашалник пред разговорот — за да одиме директно на најважното.
  • Онлајн сесија (30–45 мин.) — ќе ги пронајдеме твоите најголеми недостатоци поврзани со исхраната и веднаш ќе добиеш практични решенија 
  • Конкретен план за конкретен проблем/прашање (1 страница PDF) — јасни чекори и информации за исхрана, вежбање, опоравување и секојдневни навики.
  • Алатки за брзи победи — чек-листа за да останеш во правата насока.

Резултати:

  • Јасен план што одговара на твојот живот стил и спорт
  • Самодоверба дека тренираш и се храниш соодветно на провите потреби
  • Едноставни одржливи дневни акции
  • Можност да преминеш на мојот Основен или Напреден пакет за целосна поддршка

„Храната е форма на љубов. Да ја шириме свесноста за давање на таа љубов – на себе, или на некој што го сакате.“

B&B studio БиБ студио

Ајде да се храниме здраво

или јави се на: +38970809010