Дознај повеќе за

Реформер

Што е Реформер?

Вежбањето на Реформер претставува најцелисходен и најефикасен тренинг на денешницата. Тоа е пилатес справа која се состои од подвижна платформа и повеќе федери со различно ниво на отпор. Вежбите се изведуваат во лежечка, седечка, клечечка или стоечка положба, со примена на различен отпор зависно од вежбата и физичката способност на клиентот, како и со примена на одредени реквизити во одредени ситуации.

Во споредба со други методи на вежбање кои се засноваат на многу повторувања на вежбите, овој метод се темели на усовршување на движењата, од причина што кога секое движење е однапред испланирано и добро изведено, резултатите се покажуваат за многу пократко време.

Вежбањето на Реформер ги активира не само површинските, туку и најтешко достапните мускули кои често се запоставуваат при другите методи на вежбање. Вклучува вежби за зголемување на силата и флексибилноста на телото.

На Реформер можат да вежбаат лица на секоја возраст и секое ниво на физичка способност.

Бројот на вежбите кои можат да се изведуваат на оваа справа е неограничен, како резултат на што тренинзите се забавни и разновидни.

Pilates equipment Пилатес опрема
B&B studio БиБ студио