Нутриционистички стратегии со
Марко Секуловски
Запознај го Марко?
Нутриционистички советник и кондиционен тренер
Марко Секуловски е искусен професионалец во областа на здравјето и фитнесот кој им помага на луѓето да се движат подобро, чувствуваат посилни и да живеат поздраво. Покрај долгогодишното искуство како наставник по физичко образование, Марко работи со рекреативци и спортисти од сите возрасти преку изготвување на планови за исхрана и тренажни програми.
Како сертифициран нутриционистички советник (Precison Nutrition Coach) и сертифициран кондиционен тренер (NSCA – CSCS), Марко применува научно поткрепен и практичен пристап кон постигување на индивидуалните фитнес цели на најразлична популација. Неговата филозофија е едноставна: одржливото здравје започнува со мали, постепени чекори кои се вклопуваат во вашиот животен стил, а не со брзи решенија.
Неговите програми се насочени кон формирање на здрави навики и градење на здрав однос со храната, подобрување на физичкиот перформанс, оптимален опоравок и зголемена енергија.
Кога не тренира, најчесто ќе го најдете како експериментира со нови рецепти, поминува време во природа или чита најнови истражувања поврзани со спортски тренинг и исхрана.

Нашата цел е да поттикнеме создавање навики кои резултираат со подобар квалитет на живот.
Одбери го својот пакет
Healthy Habits for a Vital Lifе
Основен пакет
(Тhe Foundation Plan)
Основен Пакет (4500 ден.) – Совршен избор за љубители на фитнес и активен живот кои сакаат подобра структура и одржливи навики без строги правила и броење калории. Ќе добиеш флексибилна стратегија за исхрана, практични совети и поддршка во реално време за да јадеш паметно, едноставно и без стрес. Ова е твојот прв чекор кон трајни резултати.
Што ќе добиеш:
- Почетна проценка и поставување цели — детален преглед на твојот стил на живот, цели, навики и предизвици за да изградиме целосна слика. (Онлајн е-форма на самиот почеток)
- 30-минутна консултација — презентација на твојот план за исхрана, прилагодувања по потреба и подетално запознавање со твоите потреби.
- Персонализирана стратегија за исхрана — препораки за градење на нутритивен оброк без броење калории и строги правила. Наместо тоа, ќе добиеш флексибилни шаблони за оброци според твоите цели и преференци.
- 6-неделен план за здрави навики — фокус на одржливи секојдневни навики. Ќе научиш како да јадеш, не само што да јадеш.
- Следење и повратни информации во реално време — опционално следење со фотографии или пораки преку Viber/WhatsApp. Практични совети врз основа на твоето секојдневие.
- Поддршка за планирање оброци — готови рецепти, идеи за закуски, стратегии за јадење во ресторан и помош при пазарење.
- Совети за додатоци во исхрана — препораки засновани на научни трудови (доколку се потребни
Резултати:
- Јасна стратегија за исхрана што одговара на твоите цели и стил на живот
- Флексибилни алатки за јадење без стрес и калкулатори
- Нови здрави навики што ќе останат долгорочно
- Поддршка и совети во реално време за да не се чувствуваш сам во процесот
- Практични идеи за секојдневие, пазарење и јадење надвор од дома

Тhe Athlete’s plan - Fuel to perform Енергија за врвни перформанси
Пакет за Спортисти (6500 ден.) – Наменет за оние што сакаат повеќе енергија, побрзо опоравување и максимален перформанс. Ќе добиеш персонализирана стратегија за исхрана, практични навики и поддршка во реално време што ќе ти помогнат да тренираш паметно, а не потешко. Ова не е уште еден „план за јадење“, туку целосен систем за успех.
Што ќе добиеш:
- Почетна проценка и поставување на цели — детален преглед на твојот стил на живот, спортска активност, навики и предизвици за да изградиме целосна слика. (Онлајн е-форма на самиот почеток)
- 30-минутна консултација — презентација на твојот план за исхрана, прилагодувања по потреба и подетално запознавање со твоите потреби.
- Персонализирана стратегија за исхрана — препораки за калориски внес, макронутриенти и флексибилни шаблони за оброци според твоите цели и преференци.
- 6-неделен план за здрави навики — фокус на одржливи секојдневни навики. Ќе научиш како да јадеш, не само што да јадеш.
- Следење и повратни информации во реално време — опционално следење со фотографии и пораки преку Viber/WhatsApp. Практични совети врз основа на твоето секојдневие.
- Поддршка за планирање на оброци — идеи за закуски, шаблони, стратегии за јадење во ресторан и помош при пазарење — наместо строги менија.
- Детален план за исхрана околу тренинг и натпревари — јасни протеински и јаглехидратни насоки пред, за време и после тренинг/трка.
- Персонализиран план за хидратација — дефинирање на твоите индивидуални потреби за течности пред, за време и после тренинг/натпревар.
- Стратегии за оптимален опоравок — практични методи за хидратација, рекуперација и стрес менаџмент.
- Carb-loading протокол — јасен план за денови пред натпревар.
- Совети за суплементи — препораки засновани на наука за подобрување на перформансот и опоравувањето
Резултати:
- Јасна стратегија за исхрана што одговара на твоите спортски цели
- Подобра енергија и перформанс на тренинзи и натпревари
- Алати за трајна конзистентност и лесна примена во секојдневието
- Поддршка и прилагодување на планот во реално време
- Научно поткрепени препораки за опоравување и суплементација

„Повик за Ресет“
за моментално враќање во баланс. (30–45 мин.)
Прашај го експертот (2000 ден.) – Сакаш да тренираш паметно, да се храниш подобро и конечно да бидеш конзистентен? Оваа сесија е за тебе.
Што ќе добиеш:
- Брз прашалник пред разговорот — за да одиме директно на најважното.
- Онлајн сесија (30–45 мин.) — ќе ги пронајдеме твоите најголеми недостатоци поврзани со исхраната и веднаш ќе добиеш практични решенија
- Конкретен план за конкретен проблем/прашање (1 страница PDF) — јасни чекори и информации за исхрана, вежбање, опоравување и секојдневни навики.
- Алатки за брзи победи — чек-листа за да останеш во правата насока.
Резултати:
- Јасен план што одговара на твојот живот стил и спорт
- Самодоверба дека тренираш и се храниш соодветно на провите потреби
- Едноставни одржливи дневни акции
- Можност да преминеш на мојот Основен или Напреден пакет за целосна поддршка

„Храната е форма на љубов. Да ја шириме свесноста за давање на таа љубов – на себе, или на некој што го сакате.“
