Научи повеќе за

STOTT PILATES®

Што е STOTT PILATES?

 STOTT PILATES методот e современ пристап кон оригиналниот метод на вежбање создаден од Joseph Pilates. Тој е настанат како резултат на долгогодишно усовршување на класичниот пилатес метод. Коосновачите Lindsay G. Merrithew and Moira Merrithew, заедно со тим од физиотерапевти, лекари за спортска медицина и фитнес професионалци, потрошиле три декади усовршувајќи го STOTT PILATES методот на вежби и опрема, што резултирало со создавање на метод кој во себе ги инкорпорира најновите принципи на науката за вежбање и спинална рехабилитација, правејќи го STOTT PILATES методот најбезбеден и најефективен метод на вежбање.

Тренингот на почеток може да делува дека е доста поразличен и поспор во споредба со други тренинзи, но и покрај тоа има многу бенефиции како што се: издолжени и убаво оформени мускули, мускулна сила и издржливост, сила и стабилност на торзото, превенција од повреди, елиминирање на стрес и болки во грбот, подобро држење и поставеност на телото, подобрување на баланс и координација, подобрување на еластичноста на телото, подобрување на атлетските перформанси, ефективна пост-рехабилитација, зголемување на свесноста за телото и умот, зголемување на самодовербата, намалување на телесните масти.

Како синоним за STOTT PILATES се користи терминот “интелигентно вежбање”, со оглед на тоа што вежбите истовремено вклучуваат баланс, координација и синхронизирано дишење, па може да се изведуваат само свесно и одговорно. STOTT PILATES е лиценциран метод на вежбање кој смеат да го применуваат само стручни, обучени и сертифицирани инструктори.

Некој збор и за класичниот Pilates

Пилатесот, основан од Joseph Pilates, е систем на вежби за умот и телото создаден со цел да се извлече максимумот од човечкиот потенцијал за физичка активност кај луѓето со секое ниво на физичка способност, како и да се подобри добросостојбата на луѓето. Joseph Pilates (1880–1967) бил германски иселеник кој се прославил во Англија за време на Првата светска војна со тоа што развил серија од вежби и иновативна опрема со која им помагал на воените затвореници да ја повратат силата и подвижноста на телото. Кога Joseph Pilates емигрирал во Њу јорк, локалната професионална танцова заедница открила дека неговата метода на вежбање наречена ‘Contrology’, помагала во спречување на повреди и подобрување на силата додека истовремено ги издолжувала и убаво ги тонирала мускулите, што предизвикало огромна заинтересираност за неговиот метод на вежбање.

Joseph

Pilates

Најчесто поставувани прашања

#1

За кого е наменет STOTT PILATES?

STOTT PILATES методот е погоден за лица на секоја возраст и секое ниво на физичка способност.

STOTT PILATES методот можат да го користат лица што се упатени на рехабилитација, лица во период после рехабилитација, жени во пренатален и постнатален период, професионални спортисти, деца, постари лица, лица со полесни и потешки повреди, како и секој друг кој се грижи за себе.

STOTT PILATES вежбите им помагаат на мажите и жените од секоја возраст да развијат сила, еластичност, издржливост и правилно држење на телото, без притоа прекумерно да го зголемат нивниот обем и без да им нанесат големо оптоварување на зглобовите. STOTT PILATES не само што ќе ти помогне да го тонираш телото, туку ќе направи и да се чувствуваш поенергично и да се движиш со леснотија.

#2

Кои се основните принципи на STOTT PILATES?

Без разлика дали се практикува обичен пилатес на простирка или пилатес на машина, пилатесот кој се темели на најновите сознанија од науката за вежбање и спинална рехабилитација, треба да се заснова на следните пет основни биомеханички принципи: дишење, поставеност на карлицата, поставеност на градниот кош, движење и стабилизација на плешките и поставеност на главата и вратот.

Прикажи повеќе

#3

Која е разликата помеѓу STOTT PILATES и другите Пилатес методи?

STOTT PILATES методот се темели врз најновите научни сознанија за вежбањето и спиналната рехабилитација, изразени преку петте основни биомеханички принципи. На пример, додека некои пилатес методи промовираат прав грб, STOTT PILATES вежбите се осмислени да ги ресторираат природните искривености на рбетниот столб и да ги ребалансираат мускулите околу зглобовите.

Во STOTT PILATES особено се нагласува на стабилизација на плешките, на поставеноста на кичмата и поставеноста на телото општо, како и на подобрување на мускулната активност. Вежбите содржат голем број на модификации кои се приспособуваат согласно потребите и способностите на клиентот. STOTT PILATES методот се фокусира на функционален фитнес, односно се фокусира на движења кои наоѓаат своја примена во секојдневниот живот.

#4

Кои се придобивките од STOTT PILATES методот?

STOTT PILATES методот има многу бенефиции како што се: издолжени и убаво оформени мускули; мускулна сила и издржливост; сила и стабилност на торзото; превенција од повреди; елиминирање на стрес и болки во грбот; подобро држење и поставеност на телото; подобрување на баланс и координација; подобрување на еластичноста на телото; подобрување на атлетските перформанси; ефективна пост-рехабилитација; зголемување на свесноста за телото и умот; зголемување на самодовербата; намалување на телесните масти;

#5

Зошто се повеќе луѓе се одлучуваат за Пилатес?

Континуирано се зголемува интересот на луѓето кон методите за вежбање кои ослободуваат од стрес, кои се нежни кон нивното тело и кои можат долгорочно да се применуваат без разлика на нивната возраст, без притоа да се стравува за можноста од нанесување на телесни повреди. Луѓето сакаат да се одржуваат, да останат фит, да бидат функционални и да изгледаат убаво колку што е можно подолго. Пилатесот е одличен избор за луѓето на секоја возраст и секое ниво на физичка способност, без разлика кои се нивните цели.

#6

Дали секој може да вежба Пилатес?

Не постои метода на вежбање која е соодветна баш за секој, но STOTT PILATES методот е соодветен за повеќето луѓе. Како и со секоја тренинг програма, така и со оваа, се препорачува консултација со професионално медицинско лице пред да се започне со вежбање. За лицата со физички ограничувања постои можност да се изработи модифицирана програма, посебно дизајнирана за нив, од страна на стручно оспособено лице.

B&B studio БиБ студио