Како се изведуваат

тренинзите

 Часовите се одвиваат индивидуално или во мали групи од максимум пет клиенти. Една од причинитe за тоа е што секој клиент работи со различно темпо, некои ги синтетизираат информациите побрзо, се способни да направат повеќе вежби и да напредуваат кон следните нивоа побрзо, додека со други треба да се работи поспоро и помалку интензивно. Друга причина е тоа што секој клиент е посебна индивидуа. Со индивидуални и полуприватни тренинзи може да се идентификува поединечно за секој клиент кои се најважните делови на кои треба да се работи, земајќи ги во предвид анализата на телото, медицинската историја, неговите цели, активности и во таа насока да се подготви програмата за него.

Исто така, по потреба, за индивидуални клиенти се прават модификации кои ја зголемуваат ефективноста и безбедноста. Не секоја вежба е соодветна за секој клиент. Додека некои вежби се ефективни за дел од клиентите, истовремено истите вежби можат да бидат непријатни и болни за други клиенти.

ИНТЕЛЕКТУАЛНО ВЕЖБАЊЕ. ДОЛГОРОЧНИ РЕЗУЛТАТИ.®

Equipment for Individual training Опрема за индивидуални тренинзи
B&B studio БиБ студио