BODY & BEYOND
За нас
- прво STOTT PILATES Reformer студио во Скопје -
Студиото BODY & BEYOND е прво студио во Северна Македонија за STOTT PILATES Reformer. Студиото е опремено со пилатес машини (Reformer, Cadillac, Stability chair, Ladder Barrel), како и со дополнителни реквизити со кои вежбите се модифицираат и се усложнуваат, а тренингот станува поинтересен и подинамичен.
Вежбите се изведуваат под постојан надзор од страна на Сертифициран инструктор за STOTT PILATES Reformer, чија што задача не е само да одреди програма со вежби и да следи дали клиентите безбедно и правилно ги изведуваат истите, туку и истовремено да ги мотивира да бидат истрајни во постигнувањето на нивните цели.
Клиентот најнапред пополнува прашалник во врска со неговата медицинска историја и целта која што сака да ја постигне со вежбањето, бидејќи тоа, како и неговата физичка кондиција, се пресудни при дизајнирањето на програмата за него. Има клиенти кои конкретно бараат програма која ќе им помогне да го подобрат држењето на телото или која ќе ги ослободи од хронична болка, но има и такви кои доаѓаат со цел темелно да извежбаат.
Покрај тоа, на првиот час се прави анализа на телото на клиентот со цел да се утврди дали клиентот има мускулни неурамнотежености, по што, при селектирањето на вежби се избираат оние вежби кои ги таргетираат засегнатите мускулни групи со цел истите да се доведат во баланс.
Приоритет ни е безбедно и правилно изведување на вежбите.
Доверете ни ја довербата и започнете да вежбате STOTT PILATES Reformer. Ви гарантираме дека на тој начин ќе го направите правиот чекор кон преобликување на вашето тело и подобрување на вашата здравствена состојба.